Спорт

Видео – Јани Атанасов ја шокираше Саудиска Арабија со гол од средината на теренот

Фудбалерот на Академија Пандев – Јани Атанасов и член на македонската фудбалска репрезентација  до 19 години ги шокираше своите врсници од  Саудиска Арабија  на пријателскиот натпревар во Словенија откако од средината на теренот постигна ,,спектакуларен,, гол.  Откако фудбларите на Саудиска Арабија ја загубија топката по изведен слободен удар, Јани Атанасов упати шут од средината на теренот надмудрувајки го голманот на противникот.

Македонската селекција до 19 години во првиот дуел со Саудиска Арабија претрпе пораз од 2:1 додека во вториот меч славеше со 3:2 каде Атанасов повторно постигна одличен гол. Пријателските натпревари на селекцијата до 19 години против Саудиска арабија беа дел од подготовките за кфалификациите за ЕП во ноември

Препорачуваме:

Пандевци со огромни шанси за излез во Европа, потребна е победа над Работнички во Турново

Ване Трајков

Фото: Струмичкиот одбојкарски октет кој и донесе трето сребро на Македонија од Евролигата

Вимблдон го понижи Ѓоковиќ: Го нема неговиот лик на официјалниот билборд

Ѓ. K.