• Wed. May 15th, 2024

Видео-Тиверија го совлада Драгон и ја превзеде лидерската позиција за титула

ByВане Трајков

May 16, 2018

Фудбалерките на Тиверија Струмица ја  превзедоа лидерската позиција во женскиот фудбалски шампионат откако денеска славеа против тимот на Драгон со 2:1. Николова и Велкова беа стрелците за струмичанки кои направија пресврт по водството на Драгон преку Салихи.

Двата тима Тиверија и Драгон на две кола до крајот на шампионатот имаат по 57 бода, но подобрата гол разлика е во корист на струмичанки.  Тиверијанки следното коло ќе му гостуваат на Тетово па на свој терен игра со Борец.  Со убедливи победи против овие два тима струмичанки се на дофат до ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА

Инаку денеска Александра Ристовска го одигра својот 100 меч за што доби дрес со број 100

Во видеото дел од акциите и головите во дербито на 20 тото коло од женскиот фудбалски шампионат меѓу Тиверија и Драгон  

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *