Спорт

Видео – Дориев и Илиев за нова победа на Академија Пандев со која стана лидер во шампионатот по пет кола

Лупче Дориев и Томислав Илиев беа стрелците за 4 првенствена победа на Академија Пандев со која ,,пандевци,, го освоија врвот на прволигашката табела. На стадионот Кукуш Академијата славеше против Силекс од Кратово со 3:0. Дориев од пенал во 61 минута го отвори резултатот. Томислав Илиев во 76 зголеми на 2:0 а во последната минута од регуларниот дел му асистираше на Дориев кој ги постави конечните 3:0.

Гостите од Кратово не изградија ниту една посериозна шанса да се загрози голот на Академија Пандев кој доминираше во текот на целиот натпревар и постојано вршеше притисок пред голот на Силекс. Следното коло Академија Пандев и гостува на прилепска Победа

Препорачуваме:

Наковски Волеј во КУП финале по победата над Пелистер

Ване Трајков

ВМФЛ: Беласица оштетена за гол во мечот против Пелистер

Ѓ. K.

Гевгелиски Кожув јуриша кон освојување на БИБЛ лигата

Ване Трајков