Регион

Се асфалтираше улица во Пиперево која доби и фекална канализација, подобри услови за живот ни е приоритет- кажа градоначалникот на Василево Марјан Јанев

Улицата во Пиперево која пред еден месец беше опфатена со канализационен крак денеска беше асфалтирана.  Денеска градежни екипи поставија асфалтен слој на улица во должина од 300 метри со што жителите од овој предел на Пиперево веќе имаат подобрена патна и комунална инфраструктура

,,Со асфалтирање на улиците низ населените места во Општина Василево, на граѓаните им нудиме трајно и квалитетно решение и подобрување на условите за живот – кажа градоначалникот Јанев кој подвлече дека програмата за изградба на патиша и улици се реализира според предвидената динамика имајки во предвид дека се асфалтираа улици и во Нова маала, Седларци, Василево, во Градашорци беше изградена улица со бехатон плочки

Градоначалникот на Василево Марјан Јанев најави изградба и на други улици до крајот на годинава согласно програмата и потребите на жителите на ова општина. Повеќе во видеото….

Препорачуваме:

ВИДЕО:Пуштањето гасоводно крило до Дабиле и струмичкото поле се одложува

Советот на општина Василево одржа вонредна седница

Dimitar Micev

Дојрански казина издаваат лажни негативни тестови тврдат грчки медиуми

Сузана Мицева