Спорт

Виареџо Куп : Интер пресилен за Академија Пандев

Фудбалерите на Академија Пандев со пораз го започнаа натпреварувањето од годинашново издание на Виареџо Купот. Во првиот меч со кој се отвори 68 издание на ова неформално младинско првенство, младите ,, пандевци ,, претрпеа пораз од 4:0 од Интер кој се смета за фаворит за освојување на Виареџо. И покрај поразот според информациите Академија Пандев одиграла одлично и во два наврати имале шанси за гол кои не ги искористиле. Младинскиот состав на Интер е најсилниот во Виареџо во чии редови играат и четворица фудбалери кои паралелно играат и за сениорскиот тим на Интер. Следното коло Академија Пандев игра со Апиа од Австралија и тоа во среда

Препорачуваме:

Само 16 секунди траеше борбата најавена како спектакл

Сузана Мицева

Борис Секулов од Струмица ќе ги брани боите на Македонија на Балканското во Грција

Ване Трајков

Пандевци со победа над Беласица и на чекор до опстанок

Ване Трајков