• Sat. May 11th, 2024

Борис Секулов од Струмица ќе ги брани боите на Македонија на Балканското во Грција

ByВане Трајков

Jun 28, 2023

Младиот пингпонгар од Струмица Борис Секулов ќе ги брани боите на Македонската репрезентација која учествува на Балканското првенство во соседна Грција. Тој ќе настапува во индивидуална конкуреницја како и во конкуренција на двојки и мешани парови а заедно со своите младински колеги се најде во групата со Србија, Грција и Црна Гора

На Балканското учествуваа вкупно 150 пингпонгари од 11 балкански држави во кадетска и младинска конкуренција. Македонската селекција ја предвори Зоран Јовановски и ќе се обиде да направи изненадување од втор план.