• Fri. May 17th, 2024

Валенти: Одигравме добро, но има простор да се напредува

ByЃ. K.

Aug 7, 2023

АП Брера започна со победа на отварањето на новата сезона. Тимот славеше со 1-0 против Вардар благодарение на фантастичниот евро-гол на Јанкулов во 59. минута од средбата.

Џовани Валенти, тренерот на АП Брера беше задоволен од неговите играчи и истакна дека го одработеле договореното, но остави и простор за напредок во иднина.

„Натпреварот беше добар. Го одигравме тоа што го работевме на подготовките. Одредени работи ги направивме добро, но не очекувавме дека Вардар ќе не нападне горе високо. Имавме многу шанси, но не ги искористивме во текот на целиот натпревар. Екипата има простор да напредува, од натпревар во натпревар“, вели Италијанецот.

By Ѓ. K.