Регион

Валандовскиот градоначалник повреден во сообраќајна несреќа

Градоначалникот Перо Костадинов попладнево околу 18 часот е повреден во сообраќајна несреќа, којашто се случила на патот Удово-Демир Капија, по излезот од тунелот. Според неофицијални информации, Костадинов е полесно повреден, додека пратеничката Мери Лазарова којашто исто така била во автомобилот е потешко повредена и е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Засега не се знаат детали, како дошло до сообраќајната несреќа и кој го управувал автомобилот во кој биле високите функционери на СДСМ. Повеќе информации за несреќата во текот на наредните часови.

Препорачуваме:

Започна изградбата на патот до манастирот Св. Ѓорги во Дукатино

Ѓ. K.

Семејствот Ефтимови од Мокриево остана без семејната куќа.Утрово изгоре

Науката е важна за развој на земјоделството

Ване Трајков