• Thu. May 16th, 2024

Валандовската депонија мора да се огради и да се обезбеди чувар, наложи државниот инспекторат за животна средина

Инспекторите за животна средина на терен во Валандово, дале насоки за ставање на депонијата под контрола. Државниот инспекторат за животна средина, пред пет дена извршил надзор врз депонирањето на отпадот на повеќе општински комунални непрописни депонии во државата.

Според извештајот на Инспекторатот, повеќето од нив горат и емитуваат канцерогени супстанци дури и во зимскиот период, кога овие појави се невообичаени. Покрај другите јавни комунални претпријатија во Арачиново, Липково и Пробиштип, валандовски ЈКП Комуналец е задолжен депонијата да ја одржува во согласност со законски утврдените минимални технички услови – ограда, чуварска служба и дневно прекривање со земја, со што депонијата е ставена под контрола и нема повеќе да чади.

Надлежниот инспектор oпредели рокови за постапување: веднаш да се започне со дневно покривање на отпадот со земја, 60 дена за поставување чуварска куќичка и ангажирање чуварска служба и 90 дена за изведба на прописна ограда за да се спречи неовластен пристап.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *