• Wed. May 15th, 2024

Од овој петок до 21 јануари кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот

Владата одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за скратено работно време до 18 часот, наместо како досега до 21 часот. Ова е одлучено на синоќешната владина седница и ќе почне да се применува за два дена.

Целта на ваквата одлука е да се намали фреквенцијата во угостителските објекти за време на празниците, за да се избегне создавање нови жаришта на корона-вирусот.

Оваа одлука не е изолирана. Во повеќе земји од регионот и Европа почнаа да се преземаат сериозни рестриктивни мерки на движење за време на новогодишно-божиќните празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *