• Sun. May 19th, 2024

Валандово ја објави јавната набавка за пат од Индустриската зона Раброво

Општина Валандово ја објави јавната набавка за сообраќајно поврзување на Индустриска зона Раброво со Регионален пат Р-1105.

Проектот предвидува изградба на соодветна патна инфраструктура и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Изведбата е финансирана од страна на Бирото за регионален развој и општина Валандово и изнесува 461.677 денари.

-Со негова реализација ќе се олесни пристапот до Индустриската зона и ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, велат надлежните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *