Регион

Радовиш ќе се поврзе со Штип и Карбинци преку Плачковица

На општина Радовиш и се доделени средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој во износ од 1.000.000,00 денари.

Финансиските средства се наменети за изработка на проект за пат кој ќе ги поврзува општините: Радовиш, Штип и Карбинци (од шумската куќичка во месноста „Коњарник“ до детското летувалиште на Општина Штип) и истиот претставува продолжување на патниот правец Радовиш-Планина Плачковица.

Договорот го потпишаа градоначалникот Герасим Конзулов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.

Препорачуваме:

Дождот благопријатен за земјоделството, сепак се зголемува и заканата од болести

Градоначалникот на Гевгелија повторно со апел до граѓаните

Повреден возач на патот Свидовица- Куклиш

Ване Трајков