Според бројките добиени од париски Ле Монд, 1363 Британци минатата година побарале францски пасош, наспроти 385 во 2015 година.
Таа тенденција се уште е маргинална со оглед на проценката дека во Франција живеат меѓу 150.000 и 400.000 Британци, но тие бројки покажуваат дека многумина од нив веќе изразиле загриженост за најавеното излегување на Обединетото кралство од ЕУ.
За споредба, бројката од 254 отсто е помала во споредба со таа објавена во Германија, каде барњата на Британците да добијат германско државјанство се зголеми за 331 отсто од 2015 до 2016 година.