Свет

Австрискиот парламент со задолжителни маски

Претседателот на парламентот, Волфганг Соботка, рече дека повеќе не сака да гледа некои пратеници, главно од редовите на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), кои не носат маски.


Во изминатиов период доби неколку поплаки од пратеници со барање да се стават во ред оние претставници на граѓаните кои не сакаат да носат маски.

„Повеќе не може да биде така. Во други земји и пратениците носат маски. Се разбира, можно е понекогаш да заборават на нив, но она што се случува е јасна провокација“, рече Соботка во изјавата за дневниот весник „Кронен цајтунг“.

Тој најави дека на вонредниот состанок на претседателството на парламентот во вторник тоа ќе биде темата, бидејќи е несфатливо дека додека граѓаните носат маски, пратениците не го прават тоа.

Тој изрази надеж дека ќе има разбирање од страна на оние кои одбиваат маски, пред сè од редовите на ФПО.

Доколку не се постигне договор, можно е да се воведе обврска за носење маски, но проблем е што оваа мерка не може да се спроведе, односно не може да биде санкција.

„Не можам да исклучам никого од работата на парламентот“, објасни Соботка.

Препорачуваме:

Србија се затвора до понеделник

Сузана Мицева

Инстаграм падна, корисниците од утрово пријавуваат проблеми

Ѓ. K.

Малолетниот убиец Коста Кецмановиќ ќе мора да го заврши училиштето

Ѓ. K.