• Sat. May 18th, 2024

Брера Струмица ремизираше со Теута од Драч во вториот контролен меч во Бугарија

ByЃ. K.

Jul 18, 2023

Брера Струмица ремизираше со ,,Теута“ Драч од Албанија на подготовките во Банско Бугарија. Од тимот на Брера се задоволни од одиграниот меч против албанскиот состав во кој акцент ставија на воигрување на одредени акции според проекциите на стручниот штаб. Според нив, можеле да извлечат и победа, но сепак фокусот бил играта на сениорите.

Преку Ване Крстевски го отворија резултатот по што „Теута“ преку два пенала дојде до пресврт, но Иван Галевски го донесе позитивнниот резултат во вториот контролен меч.

  • „Можевме да оствариме и победа. Но морам да потенцирам дека нашата цел е ,,новата“ игра што ни ја наметна новиот стручен штаб. Задоволен сум како течат подготовките. Само треба да продолжиме во овој правец и сметам дека подготвени ќе го стартуваме новиот шампионат“, изјави по мечот капитенот на Брера Струмица – Марио Врдољак.

Дуелот против „Теута“ е втор на подготвителниот период во Банско Бугарија, а на 21 јули Брера игра со репрезентативниот состав на Киргистан.

By Ѓ. K.