• Fri. May 17th, 2024

Ѓоковиќ апсолутен фаворит против Синер

ByЃ. K.

Jul 14, 2023

Српскиот тенисер ќе се соочи со Синер во полуфиналето на Вимблдон. Ѓоковиќ и Синер го играат првиот меч којшто стартува во 14:30.

Србинот е апсолутен фаворит на оваа пресметка. Тој ќе го одигра својот 46 меч во оваа фаза на Грен слем турнирите со што ќе се израмни со Федерер.

Евентуалната победа на Новак Ѓоковиќ ќе му донесе влез во историските книги. Ако се пласира ва финалето тоа за него би значело надминување на американската тенисерка Крис Еверт и ќе стане апсолутен рекордер. 

Ѓоковиќ и Синер се судрија и на ланскиот Вимблдон, тогаш во четвртфиналето и Ѓоковиќ успеа да се врати од 0-2 до победа, потоа го крена и трофејот.

By Ѓ. K.