Спорт

Беласица шампионски влегува во Втора лига

На три кола до крајот на шампионатот во Третата фудбалска лига исток, дилемите се решени. Струмичка Беласица влегува во Втора лига и тоа најверојатно како шампиони. Со вчерашната победа над Овче поле со 6:0, струмичките сино бели имаат 67 бода, седум бода предност речиси недостижни за второпласираната Плачковица од Радовиш. Ако се има во предвид дека до крајот на првенството во Третата лига исток Беласица ке игра со лесни противници Работник во гости , со Тиверија дома и Осогово на гостински терен, повеќе од јасно е дека дилемите се решени кој ќе биде првак во ова лига. 

Инаку Беласица досега има постигнато дури 117 голови што преставува и своевиден рекорд во третолигашкото фудбалско натпреварување во земјава. Освен Беласица во Втората лига од овој регион ќе се пресели и радовишка Плачковица

 

 

Препорачуваме:

Струмица Никоб поразена но обезбеди настап во Купот на ЦЕВ

Ване Трајков

Ѓоре Јовановски и официјално тренер на ФК Кожуф Гевгелија

Ване Трајков

ЕХФ одлучи: Вардар 1961 нема да игра ЛШ во сезоната 2022/23!

Ване Трајков