• Thu. May 16th, 2024

Беласица засилена со Ахтаров и со Горгиовски – талент кој ќе игра на СП во Индонезија

ByЃ. K.

Jul 7, 2023

ФК Беласица ги осигури потписите на двајца екстремно талентирани млади надежи. Станува збор за Горгиовски Константино и Ахтаров Спаско. И двајцата доаѓаат од ФК Македонија ЃП.

Горгиовски е играч за врска, млад надежен фудбалер, кој е стандарден репрезентативец на селекцијата У17 на Нов Зеланд. Тој во ноември ќе настапува со својата селекција на Светското Првенство до 17 години што ќе се оддржува во Индонезија.

Ахтаров Спаско е повратникот во тимот на ФК Беласица. Спаско, кој е голман и стандарден репрезентативен на македонската селекција до 17 години, долго време беше дел од младинските категории на ФК Беласица, за да одреден период биде член на Македонија ЃП, а сега повторно да настапува за својот матичен клуб.

By Ѓ. K.