Спорт

Македонија на ЕП против светскиот вицепрвак

Женската младинска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Романија.

Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Данска, која е еден од фаворитите на младинскиот континентален собир.

Данска во првото коло немаше проблеми против Чешка, оствари убедлива победа од 36:26, додека Македонија беше поразена од Црна Гора со 33:29.

Доколку Данска и Црна Гора победат во денешните дуели против Македонија, односно Чешка, тогаш двете репрезентации ќе обезбедат пласман во следната фаза.

Распоред на денешните натпревари

12:00 ХОЛАНДИЈА – ХРВАТСКА

12:00 СРБИЈА – УНГАРИЈА

14:15 ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА

14:15 ШВЕДСКА – ШВАЈЦАРИЈА

16:30 ИСЛАНД – ГЕРМАНИЈА

16:30 МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА

18:45 ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА

18:45 ПОРТУГАЛИЈА – РОМАНИЈА

Препорачуваме:

Пепи Велков и Витан Витанов Шампиони во кик бокс

Ване Трајков

ОФС Струмица не даде делегати за Изборното Собрание на ФФМ

Ване Трајков

Ќе има организиран превоз со влезница за мечот Академија Пандев- Зрински

Ване Трајков