Македонија

Бачовски: Исплатени 512,5 милиони денари субвенции за повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 23.524 субјекти исплати над 512,5 милиони денари на име субвенции. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на следните мерки :

„Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот. И за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години исплатени се 54,5 милиони денари. Додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари. “ преку соопштение информира Бачовски.

Препорачуваме:

Институтот за физикална медицина подготви оддел за рехабилитација на пациенти кои прележале Ковид-19

Гогов: Лебдам од среќа што жирито за „Браќа Миладиновци“ го откри моето „Скриено писмо“

Сузана Мицева

Не му се чекало на граница – Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ не влезе во земјава!

Сузана Мицева