Свет

Банкоматите стануваат опасни за користење

Европската полиција (Европол) предупреди дека регистирала значителен пораст на бројот на хакерски програми во системите на банкоматите, кои може да ги доведат во опасност сите кросиници на овие апарати.

Според Европол, хакерите изработиле посебни софистицрани програми со кои „провалуваат“ во банкоматите, па затоа повеќе не мораат да ги користат традиционалните методи за кражба на пари.

  • Нападите врз софтверскиот дел на банкоматите преставуваат се поголема закана. Центарот за компјутерски криминал на Европол веќе учествуваше во неколку истраги заедно со националните полиции, изјави претставникот на Европол, Стивен Вилсон.

Тој побара од информатичко-технолошките компании и фирмите за кибер безбедност поинтензивно да соработуваат со истражните органи со цел со заеднички средства да дојдат „еден чекор пред кибер криминалците“.

Во светот постојат над три милиони банкомати од кои годишно се подигнуваат околу 8,6 милијарди евра.

Препорачуваме:

ЕУ ја разгледува „Спутник В“

„Луфтханза“ ќе отпушти 29.000 вработени до крајот на годината

Захарова: Снимките од Буча се нарачка од САД и НАТО

Сузана Мицева