• Tue. May 14th, 2024

ЕУ ја разгледува „Спутник В“

ЕУ ја разгледува „Спутник В“. Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека почнала со разгледување на документацијата за вакцината „Спутник В“. Неа ја изработи рускиот Институт „Гамалеја“. Со цел да одобри лиценца за употреба во Европската Унија, пренесува „Ројтерс“.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на „спутник В“ со стандардите на ЕУ. И тоа во однос за ефикасноста, безбедноста и квалитетот, пренесува „РИА новости“.

Инаку, медиумите пишуваат дека ваквата одлука на Европската агенција за лекови следува по низата критики за бавната набавка и дистрибуција на вакцини во земјите на ЕУ. ЕУ ја разгледува „Спутник В“ како можност да се надмине оваа ситуцација.

Претходно, Русија на ЕУ ѝ понуди 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19. Но доби ладен туш од Брисел.

Од таму на компанијата што стои зад „спутник В“ ѝ беше кажано дека нивната вакцина не влегува во стратегијата за борба против коронавирусот на Европската Унија.

Во меѓувреме во Германија, здравствените власти сооштија дека наското возрасните над 65 години ќе може да се вакцинираат со „Астра зенека“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *