• Sat. May 18th, 2024

АХВ: Повлечена млечна храна за доенчиња од „Селија“

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека од пазарот ќе биде повлечен дел од производите за млечна храна за доенчиња од францускиот производител „Селија“ по информациите добиено од Системот за брзо информирање и управување со небезбедна храна на ЕУ, за нивна небезбедност.

Преку апликацијата RASFF Window системот на ЕУ во неколку наврати добиена е информација за небезбедна храна, како надополнувања на нотификацијата со Референтен број 2017.2095. Предмет на оваа нотификација е небезбедна инфант формула (млечна храна за доенчиња), увезена од Франција, наведуваат од Агенцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за повлекување и отповикување на производот, млечна храна за доенчиња со следните трговски име и сериски броеви:

1. Производот за доенчиња од 0 до 6 месеци Celia Expert 1400гр. со лот 16С0012133 .

2. Производот за доенчиња од 0 до 6месеци Celia Expert 1400гр. со лот. 17С0012823.

3. Производот за доенчиња од 6 до 12месеци Celia Expert 2400 гр. со лот 16С0010488 .

4. Производот наменет за доенчиња од 6 до 12 месеци Celia Expert 2400гр. и лот. 17С0012838

5. Производот Celia Prema 400гр. со лот 16С0010750

6. Производот Celia Prema 400гр. со лот 17С0013095

7. Производот за доенчиња од 0 до 6 месеци Celia Digex 400гр. е увезен со лот 16С0010821.

8. Производот за доенчиња од 0 до 6 месеци Celia Digex 400гр. со лот 17С001806

Потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *