Спорт

Андреј Симевски од Беласица направи трансфер во Бугарија

Македонскиот фудбалер Андреј Симевски беше еден од најдобрите играчи на струмичка Беласица и направи трансфер во Бугарија, објави порталот Гол

25-годишниот центарфор му се приклучи на тимот на Черноморец Бургас кој е меѓу најдобрите во третолигашкото друштво. „Ајкулите“ бараат голови, а Симевски со добрата игра во струмичани им се препорача.

Изминатата полусезона Симевски одигра 13 натпревари за Беласица на кои постигна седум гола. Низ минатото тој настапуваше и за Слога Виница, ОсоговоСаса, Кит-Го, Детонит…

Препорачуваме:

КУП титулата во женски фудбал за Тиверија Струмица или Истатов Дојран – утре Финале на Младост

Ване Трајков

Струмица домаќин на меѓународен кошаркарски турнир

Ване Трајков

Промотивно видео за Параолимписките игри во Рио – ,, Јас можам,,

Ване Трајков