• Sat. May 18th, 2024

Алкараз призна дека татко му ги „шпионирал“ тренинзите на Ѓоковиќ

ByЃ. K.

Jul 13, 2023

Ѓоковиќ изјави дека е незадоволен од недостатокот на приватност на Вимблдон, го следат голем број луѓе и не може целосно да се опушти на тренинзите. Фановите не му пречат, туку луѓето блиски на неговите противници.

Тој отворено признава дека не му се допаѓа тоа што таткото на Карлос Алкараз го прекршил фер-плејот снимајќи го неговиот тренинг, каде би можел да види како се подготвува за потенцијално финале против неговиот син.

Шпанските медиуми го обвинија Ѓоковиќ дека ја измислил целата приказна, но Алкараз признава дека тоа е вистина.

  • „Да, веројатно е вистина. Татко ми е голем љубител на тенисот. Не само што ги гледа моите натпревари, тој пристигнува во комплексот Вимблдон во 11 часот наутро и оди во хотел во 10 навечер. Ги гледа натпреварите, ги гледа тренинзите на сите тенисери… За него е искуство да се гледа тренингот на Ѓоковиќ, па веројатно го снимал тренингот“, рече младиот тенисер, кој потенцираше дека снимките од неговиот татко не се предност за него, бидејќи за Ноле има многу поважни видео-снимки кои ќе му служат за подобра подготовка. 

By Ѓ. K.