• Sun. May 19th, 2024

Алергии од храна кај деца – Како да ги препознаете?

ByIvana Vangelova

Jun 28, 2023

Црвенило и осип по кожата,отоци на лицето,затнат нос,чувство на чешање во носот и грлото се само некои од симптомите предизвикани од алергија на храна.Нутритивните алергии како што велат лекарите,не знаат за временски период,ама се најзачестени во детството.Најдоминантни алергени во првите три години од животот се јајца,млеко пченица,месо,риба,цитруси,јаткии и уште многу други намирници,велат лекарите.

Нутритивните алергии може да предизвикат и отежнато дишење или гушење и затоа утврдувањето и докажувањето  на алергенот е од исклучителна важност,сметаат лекарите.