• Mon. May 13th, 2024

„Ритамот на Европа“,ги отвара вратите за млади музички таленти-Аудициите почуваат од денес

ByIvana Vangelova

Jun 29, 2023

„Ритамот на Европа“, музичкиот натпревар на млади таленти во Струмица започнува со аудиции од денес во Центарот за култура „Антон Панов“.Овој престижен фестивал организира аудиција за талентирани деца кои имаат квалитети за пеење и танцување.

Аудицијата ќе ја спроведува тим од Европскиот ТВ музички натпревар „Ритамот на Европа“, кој од Струмица ќе бара таленти кои може да бидат дел од ова големо музичко натпреварување.