• Sat. May 25th, 2024

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија

ByВане Трајков

Jun 29, 2023

Синоќа во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од Х.Н. (22) од Богданци и трактор „имт“, управуван од С.К. (27) од Богданци, двете со гевгелиски регистарски ознаки, објави МВР.

Во несреќата возачот Х.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.