• Tue. May 28th, 2024

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

ByЃ. K.

Dec 9, 2023

Поп пејачката Александра Јанева го промовираше својот нов сингл насловен како „Одвреме навреме“. Таа на својот фејсбук профил напиша:

„Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата најсвежа реакција во преубавата Италија“.

Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а под текстот се потпишуваат двајцата заедно. За монтажа и колор корекција се погрижи Горан Симјановски.

By Ѓ. K.