• Tue. May 14th, 2024

Академија Пандев се засили со тројца фудбалери

ByВане Трајков

Jan 21, 2023

Македонскиот прволигаш Академија Пандев се засили со тројца фудбалери пред почетокот на пролетната полусезона.

Екипата од Струмица вчера потпиша договори со Сандро Ембало, Неат Абдуали и Иван Галевски.

Ембало доаѓа од АЦ Олулу од Финска и станува збор за централен дефанзивец, кој може да игра и како лев бек.

Абдуали е македонски фудаблер кој игра во екипи од Серија Д, додека Галевски доаѓа од редовите на Победа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *