Спорт

Академија Пандев поразенa, Миловановиќ двапати ја тресеше мрежата на Специја

Фудбалерите на Академија Пандев го претрпеа и вториот пораз на Виареџо Купот во Италија, со што како третопласирани во групата А го завршија настапот на овој реномиран турнир. Иако имаа предност од 2:1 со головите на Даниел Миловановиќ, сепак пандевци немаа сила за да ја изненадат Специја кој првата фаза ја заврши на лидерската позиција. Италијаните поведоа но потоа на сцена настапи Миловановиќ кој во 13 и 15 минута двапати ја тресеше мрежата на Специја.

Сепак во продолжение од натпреварт Окереке и Пакањини ставија печат на надежите на Академија Пандев кој претрпе пораз од 4:2. Токму Специја и Интер одат во наредната фаза.

 

 

Препорачуваме:

Двата струмички состави го потврдија местото во финалето на плеј-офот

Ѓ. K.

Во Ангелци ќе се одржува турнир во мал фудбал ,,Спасовден 2016,,

Ване Трајков

ЈАПОНЦИТЕ МУ СЕ ПОКЛОНИЈА НА НИКОЛА ЃОРЃИЕВ

Ване Трајков