• Sat. May 18th, 2024

Аеробик во парк за старт на Струмица Опен

Синоќа се одржа првиот аеробик тренинг на отворено како дел од програмата на СОФ 2020. Во градскиот парк кај Езерцето вежбаа 60-тина рекреативци од сите возрасти. Тренингот го водеше аеробик и пилатес инструкторот Елена Илков од GoFit.

Општинската организација на Црвен Крст – Струмица со свој волонтерски тим беше дел од синоќешниот настан со цел да информира за почитување на мерките за време на настанот.

Овој спортски настан е поддржан од Општина Струмица, Делегацијата на Европската Унија, Халк Банка и Sunday.


Програмата продолжува вечерва со „Ноќни патеки: Епизода „Цареви кули“. Збирното место за пешачката и велосипедската тура е Малиот градски парк. Идејата зад овој настан е да се промовираат трим и вело патеките и да покажеме дека со придржување до протоколите за организација на настани можеме да продолжиме со здравиот начин на живот и во време на пандемија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *