Спорт

А. Пандев стаса до осмата победа, падна и Вардар од Неготино

Дебитантот во Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на Академија Пандев сигурно плива во второлигашките води. По десет одиграни натпревари ,,пандевци,, се на лидерската позиција и веќе има 6 поени предност пред останатите екипи. Во рамките на 10 коло А.Пандев со головите на Дориев и Кочовски славеа со 2:0 доволно за нови три бода и зацврстување на првото место кое носи директен пласман во фудбалската елита на Македонија.

Хоризонт Турново не успеа да оствари цел погодок на гостувањето на Влазаерими каде со голот на Ефремов имаа водствот се до последните секунди од натпреварот кога беше досуден пенал за домакините кои беа ефикасни за 1:1.

 

Препорачуваме:

Живковиќ – Беласица е во подобра форма но не сакам да прогнозирам кој ќе слави

Големата англиска соул ѕвезда Џон Њуман си доби дрес од ФК Брера Струмица

Ѓ. K.

Кој ќе слави на Младост во првото фудбалско градско дерби меѓу Беласица и А. Пандев – двата табора најавуваат квалитетен меч !!!