Македонија

Зшто ПАП тестот е исклучително важен за жените?

Лекарите постојано алармираат дека жените треба да прават редовни гинеколошки прегледи и да се тестираат со ПАП тестовите. Зошто ПАп тестот е исклучително важен за жените?

Во Македонија согласно Програмата за рано откривање на малигни заболувања, е воведен  бесплатен скрининг со ПАП тест за жени на  одредена возраст. Според програмските задачи за превенција од карцином на грлото на матката. Годинава бесплатен ПАП можат да направат жените на возраст од 24 до 35 години.

Што е ПАП тест?

ПАП Тест или Папаниколау тест е едноставна и безболна метода на земање бриз од грло на матка заради микроскопска анализа на клетките и откривање на воспалителен процес, причинители на инфекции, бенигни и малигни промени и други хистопатолошки промени.

Гинеколошкиот преглед со ПАП тест не само што овозможува откривање во рана фаза рак на грло на матка, туку и откривање на преканцерозни лезии кои лесно можат да се отстранат.

Во земјите, особено развиените, во кои скрининг програмата е успешно споведена, забележан е драматичен пад на инциденца и смртност од рак на грло на матка.

Направете ПАП тесет, раното откривање може да ви го спаси животот!

Матичните гинеколози со покана на домашна адреса, ги покануваат жените на преглед. Жената е потребно да покаже интерес, грижа за  своето здравје и да го посети матичниот гинеколог.

Препорачуваме:

На 905 лица издадени им се решенија за изолација

Сузана Мицева

Повеќе од 1.000 монети со археолошка вредност пронајдени кај ексградоначалникот на Кавадарци

Сузана Мицева

361 санкции за брзо возење во земјава

Ване Трајков