Забава

Златна потковица за „Вдовицата Саверини“ на Лоик Гајар од Франција

Познати наградените автори и филмови на годинешниот Астерфест во Струмица. Меѓународното стручно жири одлучи кои се најуспешните оставрувања. Златна потковица за Вдовицата Саверини на Лоик Гајар од Франција. Според образложението на жирито, тоа е најдобриот краток игран филм.

„Визуелно елегантно, придружено со реалистична глума, ја нурнува публиката во минатото и изнесува на виделина одлуки кои мора да бидат направени во секојдневниот живот,“ се вели во образложението на наградата.

СРЕБРЕНА ПОТКОВИЦА 

– Најдобар краток документарен филм – НАЈДОБРИОТ ГРАД ВООПШТО НЕ Е ГРАД на Кристоф Шварц (Австрија)

„Естетски волшебно во секоја секвенца, таму каде што луѓето се борат за она што е најдобро: екологија, економија или религија“. 

БРОНЗЕНА ПОТКОВИЦА 

– Најдобар краток анимиран филм – МИНУВАЧОТ на Питер Кудизер (Белгија) 

„Исклучителен начин на раскажување приказна и давање на знаење дека  понекогаш судбината е неправедна. Пример кој може да се раскаже само со користење на бои и уникатна анимациска техника“. 

Награда „Ацо Алексов“ за најдобар автор 

– МИРОТ НА НАШАТА БОГОРОДИЦА на Владимир Перовиќ (Црна Гора) 

„Прекрасно снимено, со неверојатен звучен дизајн, прикажувајќи многу повеќе од животот на црквата. Психолошка студија за модерниот туризам, којашто е целосно дигитализирана“.

Награда „Ѓорги Абаџиев“ за најдобро сценарио 

– ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ БЕЗ КОСМОСОТ на Константин Бронзит (Русија) 

„Прекрасно сценарио за анимација, но со многу чувство на љубов кон идниот човек, чиишто избори во животот понекогаш тешко можат да се разберат и проголтаат“. 

Жирито годинава е во состав: Јулија Милкова, Ено Милкани и Панајотис Краварис.

Препорачуваме:

„Под кулите на Струмица“ во изведба на Александар Митевски и Драган Спасов Дац

Ѓ. K.

Видео: празнo Скопје

Сузана Мицева

Видео – ,,Турски марш,, на бас гитара во маестрална изведба на Иван син на Ленче и Горан Кукиќ