• Sun. May 19th, 2024

Граѓански новинар: Струмичани одгледуваат кокошки среде град

До редакцијата на Тв канал ВИС пристигна реакција од граѓани дека се одгледуваат кокошки среде град. Според пријавата на граѓаните, кокошарникот е на улица Тимо Тренчев и иако претходно било реагирано до општинскиот комунален инспектор и еднаш бил отдтранет, пред извесно време повторно сопствениците почнале да одгледуваат живина.

Тв канал ВИС контактираше до општинската комунална инспекција од каде рекоа дека ќе се испита случајот и ќе се преземат соодветни мерки против сопствениците.

Според важечката законска регулатива и Одлуката за комунален ред, одгледувањето на домашни животни во градежниот опфат на градот Струмица е забрането, а во населените места тоа е дозволено на начин кој е пропишан со посебни законски прописи.

Согласно одредбите од Законот за комунални дејности, надлежностите на овластениот Општински комунален инспектор, во такви случаи, се сведува на изрекување на прекршочна санкција во мандатна постапка. Притоа законски е исклучена можноста за одземање или отстранување на животните. Повеќегодишната пракса наведува на тоа, дека ефектот од примената на овие мерки е многу мал, односно, изрекувањето прекршочни санкции не овозможува трајно решавање на проблемот. Поради тоа, се наметнува потребата од измени на законската регулатива кои ќе го утврдат поширокиот пристап од страна на сите институции и чинители во општеството, за трајно решение на такви и слични проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *