• Wed. May 15th, 2024

Во Гевгелија таксистите бараат зголемување на цената на такси услугите

ByВане Трајков

Mar 10, 2022

Гевгелиските таксисти поднесоа барање за итно зголемување на цените на такси-услугите со измена на одлуката за автотакси-превоз од страна на општинските советници и тоа уште на седницата закажана за 15-ти месецов.

Таксистите од Гевгелија предлагаат цената за старт од сегашните 50 да се зголеми на 80 денари и за секој нареден километар наместо досегашните 23 да се наплаќа по 33 денари, а за чекање наместо 4 цената да се зголеми на 6 денари од минута.

Такси-превозниците бараат да се воведе и ноќна тарифа за периодот од 22 до 6 часот наутро со стартна цена од 90 денари плус 35 денари за изминат километар, како и празнична тарифа со старт од 100 денари плус 40 денари за изминат километар.

Покрај ова, таксистите од Гевгелија бараат дополнителен паркинг-простор на неколку локации во градот и укинување на задолжителната жолта боја на такси-возилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *