Македонија

Зголемено нивото на реките и езерата,во рамки на просекот за јуни

Во однос на просекот за јуни,зголемено ниво на реките се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и Пелинце, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун. 

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување на водостојот има на реката Брегалница кај Берово.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.

Препорачуваме:

ОД ДЕНЕСКА ВО ГРЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО РАПИД ТЕСТ

Десет отсто од фирмите не исплатиле февруарска плата

Сузана Мицева

Пендаровски: Обврска ни е да го чуваме и негуваме македонскиот јазик