• Mon. May 13th, 2024

Зголемени случаи на Ковид

Наскоро стигнуваат кинеските вакцини

Зголемени случаи на Ковид за една седмица. Според извештајот на Институтот за јавно здравје тестирани се вкупно 13.742 примероци за коронавирус. Со зголемување од 24,5 проценти во однос на eдна недела порано.

Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18 проценти, или во просек 14 отсто, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (18,1%), 50-59 (17,9%), 30-39 (18,4%) и 20-29 (12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години (2,0%) и 10-19 години (4,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица. Тие биле хоспитализирани или на домашно лекување. 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

Затворени дел од ковид-центрите

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града. Со намалување од 7,2 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години. 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 25 до 31 јануари се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид – центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло. Но, клиниките се враќаат на својата редовна работа. Министерството за здравство порачува граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките. Да се внимава на превенција од понатамошно ширење на вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *