Регион

Земјоделците реагираат на ограничувањето на цените на зеленчукот

Ограничувањето на цените на доматите, краставиците и пиперките во период кога треба да стаса домашното производство е проблем за струмичките земјоделци. Велат дека први ќе се берат културите произведени во контролирани услови, што е прилично скап процес, па оваа одлука може да ги остави без профит.

Но, министерот за земјоделство вели дека анализите им се детални и нема со ограничувањето да трпат производителите и купувачите, туку само трговците.

Цените на овие земјоделски култури се ограничени од вчера, а државниот пазарен инспекторат најавува строги контроли по маркетите и пазарите. Домашното производство, пак, треба да стаса за околу две седмици.

Препорачуваме:

Засилени контроли во Конско, Хума и во Смрдлива Вода за Нова година

Стојне Митева

До среда , целосно ќе се исчисти поројот ,,Крушевска Република,,

Приведено лице од Струмица, осудено на тригодишна затворска казна

Ѓ. K.