Регион

„Зборот на Конески“ книжевна вечер по повод 100 години од неговото раѓање

Зборот на Конески се слушна под Царевите Кули. Друштвото за наука, литература култура и уметност „Иван Василевски“ ја организира книжевната вечер посветена на 100 гдишнината од раѓањето на великанот на македоснкито јазик и книжевност Блаже Конески. Ова е подарок за нашиот град, да се навратиме на поезијата на големиот Конески, рече професорката Ана Виртанова Рингачева.

Книжевната вечер ја збогати сентименталната ретроспеција на долгогодишната соработничка на Конески, проф.д-р Вера Стојчевка Антиќ која издаде три книги посветени на делото на Конески, а заедно со новинарот и публицист Свето Стаменов го приредија и зборникот „Навраќања кон Конески“.

Публиката го проследи и Поетскиот видео-перформанс снимен во падините на Беласица, кај Колешинските водопади. Стихови и мисли од и за Конески кажуваат членовите на здружението: Мариета Дукиќ, Катерина Панов-Кожаров, Сузана Мицева, Ана Витанова-Рингачева, Билјана Костадинова и Ице Беличев.

Видеото го изработи Кире Пиличев, а продукцијата е на ТВ канал ВИС.

Здружението „Иван Василевски“ во знакот на Конески ќе го издаде и двобројот на списанието за литература „Зенит“. Овој настан е во склоп на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.

Препорачуваме:

Откриени 20 мигранти во комбе кај Муртино

Ване Трајков

Собрани околу 1000 потписи за референдум во Валандово

Нови специјализирани контејнери и садови за отпад

Dimitar Micev