• Fri. May 17th, 2024

Завршува изградбата на атмосферската канализација на јужниот дел од Гевгелија

 Изведбените работи за изградба на атмосферската канализација во јужниот дел на Гевгелија се при крај, информираше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Согласно планот за работа за финиширање на овој значаен проект, во тек се и изведбените активности за асфалтирање на раскопаните улици.
             Изминатиов викенд, беше асфалтиран дел на потегот на улиците „Ристо Фаршинин“ и „Јосиф Јосифовски“, за што градоначалникот Сармандов изврши увид. Притоа, Сарамандов упати повторно апел до граѓаните за трпеливост, затоа што со реализацијата на овој проект кој е во завршна фаза, а се одвива на различни локации во градот, се решава децениски проблем. Јужниот дел од градот ќе биде целосно покриен со атмосферска канализација во должина од 6.388 метри.