Регион

Возачот што ја прегази Верица Белчовска доби 15 месеци затвор

Година и пол затворска казна доби возачот И.Ч (18) што ја прегази Верица Белчовска (20) од село Русиново, беровско. Вака одлучи денеска Основниот суд во Струмица.

Сообраќајката се случи на пешачки премин на улица „Ленинова“ во близина на ТЦ „Глобал“ на 7 април годинава, кога возачот со автомобил „нисан“ удри во Вериа која во кобниот момент во 19.40 минути преминувала преку преминот.

Возачот избегал од местото на несреќата, а ден подоцна сам се пријави во полициска станица. Верица итно беше пренесена во струмичакта болница, а оттаму поради сериозноста на повредите, на скопските клиники.

-Обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, велат од Основен суд Струмица, пренесе МИА.

Семејството на Верица ги донираше нејзините органи со кои беа спасени три живота.

Препорачуваме:

Најмоќните земји во светот размислуваат за блокирање на транспортот на руска нафта

Сузана Мицева

Ќе се опремуваат противпожарните единици во Југоистокот

Пронајдена рачна бомба во село Конче