Регион

Во СВР Струмица пријавена кражба за време на новогодишната ноќ

На подрачјето на Струмица регистрирани се две кривични дела, и тоа кражба и оштетување на туѓи предмети, и еден прекршок за „лажно пријавување“. Инаку, на територијата на државата новогодишната ноќ помина мирно. Не се евидентирани без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

За време на новогодишната ноќ били регистрирано намалување на бројот на кривичните дела на територијата на цела држава. Приведени биле вкупно 12 лица. Регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир. Од нив најголем дел физички напади и физички пресметки. Во текот на новогодишната ноќ се случиле седум сообраќајни незгоди. Најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви, соопшти полицијата.

На подрачјето на Скопје забележано е намалување на бројот на кривичните дела за разлика од минатата година. Забележани се четири, и тоа по едно насилство, разбојништво, тешка кражба и нарушување на неповредливоста на домот. Пет лица се приведени заради нарушен јавен ред и мир и сомнение за кражба. Регистрирани биле осум нарушувања на јавниот ред и мир, од кои три физички напади, една физичка пресметка и два прекршока со карање, викање и непристојно однесување. На подрачјето на Охрид регистрирани се „тешка кражба“, „кражба“ и „неовластено пукање со огнено оружје“, од слобода се лишени две лица, од прекршоци регистрирани се четири нарушувања на јавниот ред и мир. На подрачјето на Битола регистриран е напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, 10 возила се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, едно лице е лишено од слобода.

Препорачуваме:

Пријава за радовишанец за бесправно исечени огревни дрва

Ване Трајков

Исплатени средствата за сите првачиња од Општина Василево

Ѓ. K.

Владата донесе интервентна мерка во износот од 3 денари по килограм за продадена зелка во периодот од 5. април до 5. мај 2020 година

Ване Трајков