Свет

Во Шпанија измерени рекордни 47,4 степени

Во Шпанија измерени рекордни 47,4 степени. Топлотниот бран што ја погоди Шпанија во саботата резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени Целзиусови измерени во градот Монтор во јужната провинција Кордоба, објави државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

„Ова е највисоката температура досега регистрирана во Шпанија“, рече портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека ова се привремени податоци, кои ќе бидат потврдени следната недела.

Температурата забележана во саботата во 17 часот по локално време е повисока од претходниот рекорд забележан на истото место на 13 јули 2017 година.

Набргу потоа, 46,9 степени беа регистрирани на аеродромот во Кордоба.

Препорачуваме:

И во Европа расте сиромаштијата

Сузана Мицева

Рохани ја предупреди Европа дека ќе продолжат да го збогатуваат ураниумот

Продолжува елиминацијата на медиумската опозиција во Турција