Регион

Во Радичево се прави базен за верскиот обред Богојавление-Водици

Со поддршка на општина Василево и ЈПКД „Турија“, во населеното место Радичево се изведуваат активности за изградба на базет во кој ќе се изведува верскиот обичај, осветување на крстот, по повод празникот Богојавление – Водици.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со чија поддршка се изведува оваа активност,  беше на лице место каде изврши увид во активностите кои се во почетна фаза, односно со механизација и рачно се врши ископ на теренот. Според информацијата добиена од ангажираните лица базенот ќе биде со димензии 4х5 метри и во него на празникот Богојавление – Водици, наместо во реката како што беше досега, ќе се осветува водата и ќе се фрла светиот крст.

Препорачуваме:

Во струмичката болница изведена процедура за стентирање на вратна артерија

Ване Трајков

Пиргов: Преѓивеаните се контактибилни и надвор од животна опасност

Стојне Митева

Од полноќ ново намалување на цените на дел од горивата

Ѓ. K.