• Mon. May 20th, 2024

Во Гевгелија вчера наврнале 10 литри на метар квадратен

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид, 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Паланка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран.

Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово нестабилно со дожд и грмежи беше во Гевгелиско.

Претпладне со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=6

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *