Спорт

Во Гевгелија почна 21 Меморијален турнир во мал фудбал „Мирче Костов“

Oд денеска, на тревното игралиште „Мирата“ во Богородица започнаа генерациските натпревари во мал фудбал, во рамките на Меморијалниот турнир „Мирче Костов“, чиј организатор е ЗГ „Митко Ќаев- Баче“- Богородица. Турнирот беше свечено отворен со натпреварите помеѓу „Џокер“ – ФК „Кожуф“ (2012 година) и ФК „Дојранско Езеро“ – „Џокер“ (2013). Натпреварите помеѓу пријавените екипи кои се одржуваат на двете фудбалски игралишта, во првиот дел беа одиграни до 10:00 часот, а натпреварите во вториот дел продолжуват од 16:30 до 19:00 часот.

На 21 по ред Меморијален турнир во мал фудбал, посветен на трагично загинатиот Мирче Костов, учествуваат 24 екипи од нашата и соседните општини, во четири категории- пионерска конкуренција: 2010, 2011, 2012 и 2013. Како што е предвидено, Меморијалниот турнир ќе трае 3 дена, согласно временските услови.

Покровител на Турнирот е Општина Гевгелија, поддржан преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година, а генерален спонзор „СА-ХИ Транс“- Богородица. Одржувањето на Турнирот го помаагаат и други физички и правни лица.

Препорачуваме:

ОК Струмица жени со реакција за судиите на третата средба од финалната серија со Работнички

Ѓ. K.

Академија Пандев Шампион – Ќе игра бараж за Втора лига

Ване Трајков

КК Струмица ја разочара публиката, ниту Кожув не можеа да го совладат- Шест натпревари, шест порази