Спорт

Фото и видео – Виктори Волеј стана кадетски Шампион и се закити со злато

Фото и видео – Виктори Волеј стана кадетски Шампион! Кадетската екипа на ,,Виктори волеј,, го освои одбојкарскиот Шампионат на Македонија во својата конкуренција откако на завршниот турнир во салата Партизан во Струмиа, суперироно го помина Јанта во полуфиналето и градскиот ривал Наковски во финалето

Иако Виктори Волеј има најмлад состав во полуфиналето со 2:0 во сетови избраничките на Кире Јанков, Елена Илков заедно со Андон Василев  беа супериорни над скопскиот состав Јанта 

Во финалето го пречекаа тимот на Наковски волеј кој пак беше подобар од Куманово во полуфиналето

Во мечот за титула Виктори славеше со 3:1 над кадетките на Наковски и се радуваа на освоената титула. Струмичани имаа убава шанса да го видат подмладокот во струмичката женска одбојка од кој допрва се очекуваат резултати

Златните одличја и Шампионскиот пехар за девојките на Виктори им ги додели претседателот на Своетот на Струмица Марјан Даскловски…

Препорачуваме:

МАКЕДОНИЈА „Сомбрероси“ се новите шампиони во КОНКАКАФ (Видео)

Фото – Стадионот ,,Младост,, во Струмица ќе носи многу европски натпревари

Ване Трајков

Струмица се збогуваше од Купот, поразена од второлигашот Гостивар

Ване Трајков