Регион

Видео: Зимска идила – Габрово

Во пазувите на планината Беласица, скриени од очите на јавноста се наоѓаат Габровските Водопади. Сместени се веднаш над селото Габрово, по кое и го одбиле името. На оддалеченост од еден километар има три помали водопади, високи од 4 до 8 метри, а нивната чиста ледено студена вода истекува меѓу дебелите и разгранети буки.


Слапот од највисокиот водопад се прекршува во средниот, а тој во најмалиот и заедно истекуваат покрај последната куќа од селото Габрово. Самото прекршувањето и паѓање на водата од еден во друг водопад е тоа што ги прави интересни и различни од двата веќе добропознати водопади во овој крај.Овде доаѓаат ретки посетители што слушнале за оваа природна убавина, но оние највештите и најхрабрите можат да се искачат по тесни и стрмни козји патеки, кои ја испреплетуваат таинствената планина Беласица. Во оваа недопрената идила се слушаат само жуборот на водата и песната на птиците. Водопадите се толку величествени и таинствени, што се добива впечаток дека тие го диктираат животот во планината.


Габрово е село со традиционални македонски куќи типични за подбеласичкиот крај. Природата е дива и непокорна, како времето да застанало во ова село.

Фото / Видео / Монтажа: Кире Пиличев, Ѓорги Кончалиев

Препорачуваме:

Фото – Младите гевгеличани хумани, сите донираа за 14 годишниот Игор од Богданци

Ване Трајков

Здрава котлина обвинува дека не се бараат загадувачите на воздухот во Струмица

Сузана Мицева

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции до 30 ти јуни

Ване Трајков